вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 113
home Вести

ОФИЦИЈАЛНО: 120 нови случаи на коронавирус, најголем број во Скопје – починаа две лица

ОФИЦИЈАЛНО: 120 нови случаи на коронавирус, најголем број во Скопје – починаа две лица

Во последните 24 часа се регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19 на спроведени 953 тестирања. Најголем број случаи има во Скопје – 67.

Во Куманово има 19 новозаболени, Штип 16, Прилеп 4, Тетово 9, Велес 2, Гостивар 1, Неготино 1, Струмица 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти од кои во Скопје 8, Штип 3, Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1, Битола 1.

Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на Ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.