сабота, 28. март 2020. Вести денес: 35
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ОФИЦИЈАЛНО: 12 новозаразени со коронавирус во Македонија, 7 лица од Скопје и уште 5 лица од Куманово

ОФИЦИЈАЛНО: 12 новозаразени со коронавирус во Македонија, 7 лица од Скопје и уште 5 лица од Куманово

Во изминатите 24 часа регистрирани се 12 нови случаи на заразени со корона вирус, од кои 7 во Скопје а уште 5 во Куманово. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус денеска до 12 часот изнесува 148 лица, од кои едно е излекувано и две се починати, истакна на денешната прес-конференција министерот за здраство Венко Филипче.

-Според местото на живење до сега бројот на пациенти заразени со Ковид-19 регистрирани се во Скопје 88, Дебар 40 од кои што едно лице е починато, Куманово 8 од кои што едно лице е починато, Штип 7, Кавадарци 2, Охрид 2 и Гостивар еден пациент, додаде Филипче.