вторник, 11. август 2020. Вести денес: 92
home Вести

Оџа од Радовиш: И во црква ќе влеземе за народ за Заев да собереме

Оџа од Радовиш: И во црква ќе влеземе за народ за Заев да собереме

Господинот Заев, почитуваниот премиер, нема да го изгубиме, ќе го добиеме. Сега ќе цркам во микрофон народот да се собере во митингот, вели радовишкиот оџа во неговото видео обраќање кое што е објавено на социјалната мрежа на Фејсбук.

Оваа слика нека ја гледа партијата, ние како организатори во џамијата немаме право да говориме поради партијата, поради почитуваниот премиер. Не во џамијата, и у црква ке влеземе, народот да го собереме. Господинот Заев, почитуваниот премиер, нема да го изгубиме, ќе го добиеме. Сега ќе цркам во микрофон народот да се собере во митингот. После првиот ден на гласањето, истото ќе го повтарм на народот. Господинот Заев се што даде на овие наши малцинства, нека биде здрав и жив, на сите оние. На сите очите им ги отвори, на сите зимници, на сите картички. Тоа е големо благодарност, он најголемо блоагословие ќе добие од Господ. Поздрав на него и на Игор Милев, вели оџата од Радовиш.

Коронавирус