петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 86
home Вести

Одреден 30 дневен притвор за Чавков и уште четири лица обвинети за настаните од 27 април

Одреден 30 дневен притвор за Чавков и уште четири лица обвинети за настаните од 27 април

Од Кривичниот суд за МИА потврдија дека ноќеска по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се М.Ч., М.П., Д.Л. О.П. и Г.Ѓ, обвинети за настаните во Собранието на Македонија на 27 април минатата година. Определена им е мерка притвор од 30 дена поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против М.Ч., М.П., Д.Л. О.П. и Г.Ѓ, донесе решенија со кои делумно го уважи предлгот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП, информираат од Судот.

Против овие решенија, како што посочуваат од Судот, странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решенијата до Апелационот суд – Скопје.

Приведувањето на петте лица следува откако вчера државниот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека до Кривичниот суд е поднесен обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година. Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело.

Обвинетите, според јавниот обвинител на РМ Љубомир Јовески, го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ со акт на насилство со што создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните.

Врховниот суд во понеделникот одлучувајќи по жалби на осомничените, реши за дел од нив да ги укине мерките притвор и куќен притвор. Од затворски притвор беа пуштени поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои добија мерката куќен притвор.

МИА

Коронавирус