недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Одлуката на ДКСК ги разобличи лагите на Зоран Заев: Прекината постапката против Мицкоски

Одлуката на ДКСК ги разобличи лагите на Зоран Заев: Прекината постапката против Мицкоски

Државната комисија за спречување на корупција едногласно одлучи да биде прекината постапката против Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ДКСК овој предмет го отвори по сопствена иницијатива по изјавите во медиумите во однос на доделувањето на мали хидроцентрали како и на наводи во однос на средствата со кои управувале хидроцентралите.

Со неосновани обвинувања токму за овој случај се служеше најмногу премиерот Зоран Заев, кажувајќи лаги за ситен политички поен на негова сметка.

-Многу е важно, јас ги гледам по медиумите работите, ќе се провлекуваат хидроцентралите заради тоа што му е валкан г*зот.  Бандитска работа. Советник бил на Груевски, про боно, па не работел про боно, работел за пар. Башка паралелено правел конструкции за да дава дозволи за хидроцентрали и за други енергетски ресурси и од тука доааѓаат парите, 7-8 % од толку хидроцентрали се огромни пари. И тој мисли сега ќе ги продаде и ќе ги затвори трагите. Не. Секој што се огрешил треба да си одговара. рековме, кај нас нема ни бесење ни стрелање, затвор е казната. Секој што си се огрешил треба да одговара. Да видиме од кој се финансирале изборите, како лажат, истакна Заев пред еден месец на партиска триибина во Куманово.

Дека Заев зборувал невистини и клеветел, денес јасно докажа Државната комисија за спречување на корупција.

Прашањето на ДКСК беше дали Христијан Мицкоски како советник на влада и управен одбор на ЕЛЕМ имал акти да влијае на донесувањето на одлуки?

Одлуката е објавена во јануари 2014 година, а донесена е во август 2015 година. Во периодот на одлуката Мицкоски не се јавува како учесник за да има влијание. Тој како советник бил назначен во април 2015-та, а во август сето ова било завршено и со тоа тој не бил член на советот за да влијае на донесувањето одлуки.

На седницата беше предложено постапката против Мицкоски да биде прекината при што едногласно беше изгласана одлука да се прекине постапката против Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.