петок, 7. мај 2021. Вести денес: 83
home Вести

Одложено рочиштето за „Титаник“, Груевски кажа дека рочишта има секогаш кога се преговара за името со Грција

Одложено рочиштето за „Титаник“, Груевски кажа дека рочишта има секогаш кога се преговара за името со Грција

Рочиштето за случајот на СЈО „Титаник“, се одложува за 26 април, бидејќи се уште се чека Апелација да одлучи за барањето на адвокатите за иземање на Судскиот совет од овој процес.

Во овој случај на СЈО првообвинет е Никола Груевски, а покрај него обвинети се и екс министрите Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловска, пратеникот Илија Димовски, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и уште 16 други лица.

Груевски кажа дека рочишта за „Титаник“ има секогаш кога се преговара за името меѓу Македонија и Грција.

-И денеска како што можевте да забележите на електронските агрегати тема број еден е „Титаник“, а тема број два е името. Минатиот пат кога имавме „Титаник“, имаше преговори за името во Виена, денеска има преговори во Охрид, изјави Груевски денеска пред судот.

На новинарско прашање дали од сите случаи ќе бараат иземање на Судскиот совет, Груевски рече дека се што прават е во консултација со адвокатите.

Најнови вести

Коронавирус