сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Одложена затворската казна за грчката хигиеничарка која фалсификуваше свидетелство

Одложена затворската казна за грчката хигиеничарка која фалсификуваше свидетелство

Апелацискиот суд во грчкиот град Лариса денеска донесе одлука за одлагање на пресудата за издржување на 10-годишната затворска казна на хигиеничарка, осудена за фалсификување сведителство за завршено основно образование.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, таа ќе биде пушптена на слобода поради здравствени причини, сѐ додека случајот не го разгледа Врховниот суд на Грција.

Случајот за 53-годишната хигиеничарката, која што беше осудена на 10-годишна затворска казна бидејќи 20 години работела како хигиеничарка со фалсификувана диплома за завршено основно образование, во изминатиот период предизвика бура реакции во Грција, како од медиумите, така и од политичките партии.

Жената, која го немала завршено последното одделение од основното училиште, во 1996 година за да конкурира за вработување како хигиеничарка, свидетелството за петто одделение го фалсификувала и го направила како да е за шесто, за да ги исполни условите за вработување. Во Грција основното училиште треа шест години.

Како што минатата седмица објави МИА, обвинителката од грчкиот Врховен суд, Ксени Димитриу, побарала да ѝ се испрати одлуката на Судот во Волос за да ја разгледа можноста за поднесување жалба, а побарала и примерок од судскиот предмет за да утврди дали има потреба од дисциплинска контрола на судиите кои ја донеле пресудата.