сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 68
home Вести

ОДЛОЖЕНА ГАЛИЧКА СВАДБА ПО ВТОР ПАТ- в година поздрави и повесели!

ОДЛОЖЕНА ГАЛИЧКА СВАДБА ПО ВТОР ПАТ- в година поздрави и повесели!

Галичка свадба одложена по втор пат, ова вечерва преку статус на Фејсбук го истакнаа од Месната заедница на Галичник.

-Драги наши,
И покрај огромната желба и напорите што ги направивме да создадеме услови да ја одржиме традицијата на Галичката свадба макар и на Богородица, сепак, за жал, објективните околности бараат од нас да направиме голем компромис. Традиционалната манифестација Галичка свадба, со придружните забави годинава нема да се одржи. Општото добро за Галичани било секогаш на прво место! Така и годинава, борбата со Ковид 19 бара колективна дисциплина и одговорност.
Меѓутоа, тука не застануваме. Енергијата ја насочивме кон тоа на друг соодветен начин да ја обележиме годинава и притоа и да оставиме траг, спомен. Во моментов ентузијазмот е преточен низ креативен процес на создавање сценарио за документарен филм за Галичник и Галичка свадба, бележејќи ги суптилните, рафинирани и пребогати со симболика и бит обичаи и воопшто магијата на животот во Галичник.
Спомнувајќи си за оние кои се борат, се изборија и ја изгубија битката, нивните семејства, посакуваме добро здравје! Се сеќаваме на минати свадби и се радуваме на следни, со поминато премреже и научени лекции!
Како што велат нашите: вгодина поздрави повесели!, стои во нивниот статус на Фејсбук.

Драги наши,
И покрај огромната желба и напорите што ги направивме да создадеме услови да ја одржиме традицијата на…

Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Wednesday, August 26, 2020

Коронавирус