понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 150
home Вести

Оди лечи се, загадениот воздух ја покачи цената за паркинг на Клинички за 100%

Оди лечи се, загадениот воздух ја покачи цената за паркинг на Клинички за 100%

Поради загадениот воздух во Скопје, Владата, како и Град Скопје во неделата усвоија итни мерки. Меѓу нив е и покачување на цената на паркингот. Цената на паркингот за 100 проценти се зголеми и на паркингот во рамки на кампусот Клиники Мајка Тереза. Граѓаните револтирано реагираа „па ние не сме овде со автомобил од ќеиф, туку од мака“.

-Мајка ми тешко се движи, а прима хемотерапија. Како тоа и овде паркингот поскапен и тоа толку, прашува револтиран граѓанин.