петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Одбраната за „Топлик“ бара записник за примопредавање на снимките од СДСМ

Одбраната за „Топлик“ бара записник за примопредавање на снимките од СДСМ

Одбраната во случајот „Топлик“, за Сончев град, бара судот да побара од СЈО да се достави записник за примопредавање на аудио материјалите, кои според тврдењето на СЈО им биле доставени на 30.12.2015 година од страна на политичката партија СДСМ.

СЈО истите ги предложило како докази во листата на докази поднесена до судот, како прилог кон обвинителнито акт во оваа правна работа од нивна страна.

Обвинителката Ленче Ристовска, пак, на 15.01.2016-та година има изјавено дека нема записник. За Апелација крунски доказ при прифаќање на снимките е токму тој записник. Одбраната во случајот за „Сончев град“ го бара записникот да се види што и колку снимки има предадено СДСМ на СЈО. СЈО не даде никаков коментар, а судот донесе одлука дека сите снимки се дел од записникот, но потенцира дека судот го нема тој записник на увид, ниту е дел од листата на докази, пишува Денешен.

Дали има записник за примопредавање на снимките?

СЈО ја темели својата надлежност востановена со Законот за Јавно Обвинителство за Гонење на Кривични Дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите токму на овие аудио материјали (не)предадени од СДСМ.

Во решението на Апелациониот суд на страница 8 пасус 5 се истакнува дека:

Токму на претпоставката за законитоста на стекнувањето на ваквите аудио материјали кои од таа причина добиле статус на докази од страна на судот, се темелеше и одлуката на судот со која се одбиени приговорите на обвинителниот акт во овој предмет, пишува во поднесокот до судот од страна на адвокатот Донче Наков.

-Со оглед на погоре наведеното, а за целите на натамошна подготовка на одбраната, бараме судот да му наложи на СЈО да (1) го достави барањето упатено од нивна страна до СДСМ за „предавање„ на аудио материјалите, како и (2) записник за примопредавање на истите помеѓу СЈО и СДСМ.  Ова барање на одбраната е од суштествено значење за исходот на предметната постапката, како и заради проверка на самата одбрана, напиша Наков во својот поднесок.

Коронавирус