вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 7
home Вести

Одбраната во „Тенк” бара правда, почитување на законот и ослободителна пресуда

Одбраната во „Тенк” бара правда, почитување на законот и ослободителна пресуда

Денеска во кривичен се завршните зборови на СЈО и одбраната за случајот „Тенк“ за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Случај во кој одбраната тврди дека има цврсти докази за невиноста на обвинетите, но и случај за кој според европските  регулативи не може да има пресуда, случај кој има и релативна и апсолутна застареност.

Одбраната на Јанкулоска во завршните зборови, како и во текот на целиот процес ги искажа сите аргументи зошто поранешната министерка за внатрешни работи треба да биде прогласена за невина и да добие ослободителна пресуда. Со самиот овој факт на застареност пак, законите велат дека пресуда не може да има.

Во однос на тврдењето дека Јанкулоска ги пречекорила своите овластувања и сторила кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, така што таа ја искористила својата службена положба и овластување при вршење на јавни набавки и незаконски го повластила – фаворизирала економскиот оператор „Мак Аутостар“ ДООЕЛ Скопје, во текот на постапката обвинителството не предложи ниеден доказ со кој би се аргументирало ваквото тврдење, велат адвокатите. Единствени како што кажаа адвокатите т.н. докази против Јанкулоска телефонски разговори, за кои судот одби да наложи вештачење на автентичноста и целовитоста на разговорот, бидејќи вештачење се прави на оригинална снимка, а СДСМ и СЈО имаат само копии.

Според Гордана Јанкулоска се работи за политички монтиран процес кој експресно се водел против неа.

Коронавирус