среда, 30. септември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Одбраната во „Тенк“ бара издвојување на доказите од вештачењата

Одбраната во „Тенк“ бара издвојување на доказите од вештачењата

Вештачењата во случајот „Тенк“ биле доверени на странско правно лице, придружница од Италија која впрочем не ги исполнувала условите, законските прописи во РМ за извршување на вештачење. Фирмата, согласно законот за трговски друштва нема статус на трговско друштво и не е регистрирано во Централниот регистар за дејност според која би можела да врши вештачење.

Ова го изјави пред судот адвокатката Сања Алексиќ, која како дел од одбраната на обвинетите во „Тенк“ рече дека одбраната ги оспорува двете вештачења, материјално – финансиско, како и од машински сообраќај, кои се наоѓаат на записник од главна расправа на ден 12 февруари 2018 година.

– Доказите се изработени од нерелевантна фирма па според тоа и тие се нерелевантни. Одбраната останува во целост на овие истакнати приговори од записникот на рочиштето одржано на 12 фебруари 2018 година. Згора на ова, според член 296 став 1 од ЗКП повредено е и правото на одбраната да присуствува на ваквите вештачења, рече Алексиќ.

Сидијата Кацарска даде пауза од 15 минути.

Коронавирус