четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 86
home Вести

Одбраната во случајот „Титаник“ бара изземање на судскиот совет, судиите и судиските поротници

Одбраната во случајот „Титаник“ бара изземање на судскиот совет, судиите и судиските поротници

Одбраната на денешната расправа за случајот „Титаник“ бара изземање на судскиот совет, судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев, како и судиите поротници.

Според бранителот Еленко Миланов, СЈО треба да се изјасни во врска со прислушуваните судии.

-Катица Јанева е јавно повикувана да даде податок кои судии биле прислушувани. Во материјалите кои таа ги поседува постојат материјали за прислушување на судии. Затоа одбраната бара изземање на овој судски совет, рече Миланов.

Судиите дадоа пауза за да одлучат по ова барање.

Во овој предмет на СЈО обвинети се поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протугер, поранешниот генерален секретар на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, и уште петнаесетина други лица.

Претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е обвинето од страна на СЈО дека на милион и 800.000 избирачи влијаеле на изборниот исход со 650 лица државјани на Македонија од Албанија и Косово кои и претходно гласале на изборите во Македонија од 2002 година, па натаму.

Коронавирус