четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

Одбраната обвинува за политичка пресуда за Јанкулоска: Шест години казна за фабрикувано дело, без докази и без никаква штета

Одбраната обвинува за политичка пресуда за Јанкулоска: Шест години казна за фабрикувано дело, без докази и без никаква штета

Судот денеска пресуди, 6 години затворска казна за Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за внатрешни работи за набавката на блиндираниот „Мерцедес“. Јанкуловска не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, бидејќи беше на рочиште за “Таргет-Тврдина”. Пресудата ја слушнаа нејзините адвокати Сања Алексиќ и Боро Тасевски. СЈО побара мерка на претпазливост, забрана за напуштање на живеалиштето за Гордана Јанкуловска бидејќи според нив постои опасност од бегство.

Адвокатот Сања Алексиќ рече дека Гордана Јанкуловска знаела и претходно колкава е казната за ова дело, па затоа смета дека ова барање на обвинителството е неосновано.

Судот даде пауза од 30 минути да одлучи.

Во завршни зборови обвинетата Јанкулоска рече дека судечкиот совет кој ја води оваа постапка ја огласил за виновна уште при изрекување на одлуката за обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски, и ја обвини судијката Кацарска за пристрасност уште од самиот почеток на постапката.

„Оваа постапка се води во исклучителни околности за мене. Постои пристрасност кај мнозинството од судечкиот совет кој јавно искажа став дека сум виновна уште при носење на пресудата за Ѓоко Поповски и Никола Груевски. Дополнителна околност за пристрасност е носење на одлука во експресен период. На почетокот на процесот требаше да се грижам за дете кое имаше 2 месеца, а сега на крајот има 3 месеца“, рече Јанкулоска во своите завршни зборови.

Одбраната на Јанкулоска во завршните зборови, како и во текот на целиот процес ги искажа сите аргументи зошто поранешната министерка за внатрешни работи треба да биде прогласена за невина и да добие ослободителна пресуда.

Со самиот факт на застареност на делото пак, законите велат дека пресуда не може да има. Исто така, тие потенцираа дека во постапката грубо е нарушен принципот на еднаквост на оружјата. СЈО не ја докажало својата надлежност, а Судот треба да донесе пресуда за дејствие што наводно се случило пред шест години врз основа на докази кои во најголем дел се прибавени со кршење на домашните и меѓународни права поврзани со незаконското прислушување на граѓани и Законот за заштита на приватноста.

Со самиот факт и дека набавката се извршила според членот 7 од законот за јавни набавки, одбраната тврди дека неможе да има пресуда. Имено, членот 7 се применува при доделување на договори за јавна набавка во случај кога договорот е класифициран со степен „државна тајна“ од страна на надлежен орган согласно со прописите за класифицирани информации или за извршување на договорот се потребни посебни безбедносни мерки и постапки согласно со важечките прописи.

Коронавирус