петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 148
home Вести

Одбраната децидна: Снимките да се отфрлат, копии не можат да бидат докази, доказ е само оригинален документ

Одбраната децидна: Снимките да се отфрлат, копии не можат да бидат докази, доказ е само оригинален документ

Во Кривичниот суд денес продолжи судењето на случајот „Титаник“. На почетокот на рочиштето адвокатите на обвинетите се повикаа на јасната законска обврска дека докази не можат да бидат копии доколку тие не се оверени и споредени со оргиналот.

Адвокатите посочуваат дека Законот јасно и недвосмислено кажува дека доказ е само оргинален документ, снимка или слично, или копија од нив доколку е споредено и оверено дека е идентично со оригиналот.

Понудените креирани снимки од телефонски разговори не се оргинални снимки, ниту пак обвинителството и покрај многуте апели до сега, приложи доказ дека снимките кои се копии се споредени со оригиналот и дека се веродостојни.

Одбраната побара ваквите снимки воопшто да не се пуштаат односно да се отфрлат како докази и на тој начин судот да го испочитува законот. Дури и ако на крајот при носење на пресуда го прифати оваа законска одредба, подвлекоа од одбраната, сепак репродукцијата на снимките влијае врз судиите при носење на одлуката. Оттука, снимките воопшто не треба да се преслушуваат како доказ.

Според познавачите на законите во овој контекст прекршен е и законот со тоа што за предадените снимки непостои детален записник за примопредавање на аудио снимките, што е чекор веројатно намерно направен од СЈО за да се заштитат од евентуална одговорност за примање на снимкте надвор од законскиот рок.

Еден од бранителите на обвинетите кажа дека е прекршен и Законот за заштита на приватноста што е донесен на 10 ноември 2015 година со кој се предвидува до 30 ноември 2015 година да истече рокот во кој СДСМ треба да ги предаде материјалите од нелегално прислушуваните разговори на СЈО, а тие тоа како што посочи, тоа го направиле дури на 30 декември 2015 година.

Одбраната подвлече дека во овој случај нема простор за толкување, бидејќи се работи за ,,проста математика,, , и дека судот ако сака да го задржи дигнитетот и да спроведе на дело правна држава, мора да работи исклучиво по закон.

Судијата Осман Шабани даде пауза од еден час, заради како што рече, потребите на обвинетата Гордана Јанкулоска која е доилка и најави дека секое рочиште ќе се спроведува во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот.

Коронавирус