среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 128
home Вести

Одбраната бара протоколи за судење за да не се прелее есенскиот корона бран во судница

Одбраната бара протоколи за судење за да не се прелее есенскиот корона бран во судница

Есенскиот корона бран полека се почувствува и на судењата. „Таргет-Тврдина“ не се одржа поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијаков кој е позитивен на Ковид-19, а се одложи и судењето за организаторите на 27 ми април. Обвинетите Трајко Велјановски и Спиро Ристовски се во самоизолација поради контакт со зарзени лица, а еден од адвокатите е болен, објави Телма.

Претходниве денови и  други големи предмети се одложија поради изолации на обвинети и адвокати. За да не дојде до трансмисија на болеста во судница, адвокатот Еленко Миланов бара од Комисијата за заразни болести да направи протокол.

-СЕКОЈДНЕВНО СЕ СООЧУВАМ СО ТОА ДА БИДАМ ВО СУДНИЦА НА МАЛО РАСТОЈАНИЕ, ВО СУДНИЦА СО ПОВЕЌЕ ОД ПЕДЕСЕТ ЛИЦА СО КОИ И ДА САКАМЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ НА ПОТРЕБНОТО РАСТОЈАНИЕ И ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ САМО МАСКИТЕ СЕ ДОВОЛНА ЗАШТИТА. ВО СУДНИЦАТА ОСТАНУВАМЕ ПО ДВА, НО И ПО ПЕТ ЧАСА СО ОДРЕДЕНИ ПАУЗИ, НО НАЈМАЛКУ ДВА ЧАСА БЕЗ НИКАКВА ПАУЗА, РЕЧЕ МИЛАНОВ.

Шестмина вработени во судот се позитивни на Ковид-19 а уште 15-тина се во самоизолација потврдуваат од таму. Уверуваат дека преземаат мерки за да не се шири болеста ниту меѓу вработените, ниту во судниците.

Коронавирус