понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 19
home Вести

Одбиени барањата за изземање на Џолев и Судечкиот совет за „Тенк“

Адвокатите повторно побараа изземање на Судечкиот совет обвинувајќи го за пристрасност. СЈО, пак, предложи доколку сите бранители се согласни дека треба да има изземање, тоа да биде направено веднаш и да не се одолговлекува. Адвокатите на обвинетите укажаа дека секој од нив поединечно има право да поднесе барање за изземање. 
Одбиени барањата за изземање на Џолев и Судечкиот совет за „Тенк“

Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“ за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет за истиот предмет.

Во однос на решението, одбраната побара да и биде даден рок жалба. Судечкиот совет одби, бидејќи во решенијата тоа не било предвидено.

Адвокатите повторно побараа изземање на Судечкиот совет обвинувајќи го за пристрасност. СЈО, пак, предложи доколку сите бранители се согласни дека треба да има изземање, тоа да биде направено веднаш и да не се одолговлекува. Адвокатите на обвинетите укажаа дека секој од нив поединечно има право да поднесе барање за изземање.

Претходното барање за изземање, како што образложија адвокатите, беше поради тоа што специјалната обвинителка Катица Јанева дала изјава на национална телевизија дека има судии кои постапуваат по предмети на СЈО, а биле прислушувани.

Во случајот „Тенк„ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, тројцата обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.(МИА)

Коронавирус