среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Одбиени амандманите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за Кочани и Штип, амандмани кои се по барање на граѓаните

Одбиени амандманите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за Кочани и Штип, амандмани кои се по барање на граѓаните

Миле Лефков, пратеник во Собранието на на собраниската седница на Комисијата за финансирање и буџет зборуваше за прифаќање на амандманот за катна гаража во Кочани кое е и едно од ветувањата која што се дадени на граѓаните на Кочани, избрано за приоритетен проект кој што треба да се реализира во Кочани.

-Ќе се обидам да ја образложам потребата од тоа Собранието да го прифати амандманот исто кога наведов кога беше на дневен ред барањето да се обезбедат средства на кружен тек во Кочани и катната гаража е едно од ветувањата која што се дадени на граѓаните на Кочани исто така избрано за приоритетен проект кој што треба да се реализира во Кочани. Да дојдете во Кочани и да најдете место за паркирање да знаете дека е исклучително тешко. Со само 2301 место регистрирано за паркирање во центарот на градот, ќе видите дека во центарот на Кочани без малку да речам има сообраќаен хаос каде што граѓаните не можат да се снајдат каде да ги паркираат своите возила, истакна пратеникот.

Лефков посочи дека сето ова резултира со зголемен број на казни за непрописно паркирање и во Кочани цената на паркингот изнесува 10 денари каде 9 денари одат за општината, 1 денар од тие во комуналното јавно претпријатие.

-Поставувањето на блокатор чини 700-тина денари, поголем број наши сограѓани се соочени со тој предизвик да им биде поставен блокатор на нивното возило. Меѓутоа и сами знаете дека во јавноста излегоа информации дека МВР има драстично зголемен број на напишани казни за сообраќајни прекршоци. За жал сообраќајните прекршоци кои што се во Кочани за непрописно паркирање се поради тоа што граѓаните на Кочани немаат друг излез. Поради тоа и поради целта на ребалансот на овој буџет со кој што рековте дека настојувате да се обезбеди одржливост на економијата и економските оператори сметам дека е добро еден дел од парите да се пренасочат во изградба на ваков објект и тие пари ќе завршат кај економските оператори, а граѓаните на Кочани ќе добијат шанса и прилика каде да паркираат, додаде Лефков.

На седница на Комисијата за финансирање и буџет зборуваше и Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ каде што изрази незадоволството од неприфаќањето на амандманот за обезбедување на финансиски средства за заштитна ограда на левата страна на коритото на река Отиња во Штип а со тоа и целосно затварање на проектот неопходен за заштита и безбедност на граѓаните на град Штип.

– Штета што не се прифати амандманот, за дообјаснување за колегите пратеници, минатата година со ист еден ваков амандман кој што го поднесовме за заштитна ограда од десната страна на река Отиња успеавме да почнеме постапка односно обезбедување на заштитна ограда по кејот на Река Отиња која што е и пешачка зона и која што навистина се користи од граѓаните а самата висина на кејот, односно мајор коритото на река Отиња има можности за повреди на граѓаните‘, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде и дека овој проект за заштитна ограда од десната страна на коритото на река Отиња во Штип имал позитивни рекации и токму поради тоа сега поднесува амандман за доизградба на заштитна ограда и на левата страна на коритото на река Отиња а со тоа и целосно затварање на проектот.

-Со самото почнување на проектот од десната страна наидовме на позитивна реакција од страна на граѓаните на општина Штип, и очекував затоа што средствата не беа доволни за целосно завршување на десната страна со заштитна ограда на коритото на река Отиња, онаму каде што обезбедив јас преку министерството за финансии со ист еден ваков амандман да се заврши оградата меѓутоа општина Штип продолжи со реализација на тој проект и десната страна е целосно затворена. Затоа барав и на левата страна на река Отиња низводно да го довршиме веќе започнатиот проект, мислам дека средствата кои што преку министерството за транспорт и врски се обезбедени за брана на река Отиња, прво не се доволни а ова е проект надвор од тој проект брана Отиња и навистина треба да ги проверите овие податоци за да во буџетот за 2021 година ги имаме овие проекти и да го затвориме тој веќе почнат проект кој што на одобрение на граѓаните на град Штип почна да се реализира и се надевам дека ќе успееме да го затвориме целосно проектот кој што го почнавме со ребалансот 2019 година‘, заклучи Мицевски.

Коронавирус