сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 31
home Вести

Одбележување на Меѓународниот ден на физиотерапевтите

Одбележување на Меѓународниот ден на физиотерапевтите

Здружението на физиотерапевти на Република Македонија со повеќе активности ќе го одбележи 8 Септември, Меѓународен ден на физиотерапевтите.

Претставници од Здружението вечер во 19 часот на плоштадот „Македонија“ ќе делат промотивен материјал на кој ќе биде претставена годинашната тема на прославата на Светската конфедерација на физиотерапевти „Преку физичка активност до подобро ментално здравје“.

Ќе се даваат совети за тоа како физичкото и менталното здравје се две зависни компоненти една од друга и за потребата од физичка активност која нуди превенција од појава на депресија, анксиозност, го подобрува квалитетот на живот и самодоверба.

В сабота во Клиничката болница-Аџибадем Систина ќе се одржи едукативен семинар на тема „Рехабилитација во ортопедија и трауматологија“. (МИА)

Коронавирус