среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 75
home Вести

Одбележани 113 години од смртта на Даме Груев, иконата на македонската историја (ФОТО)

Одбележани 113 години од смртта на Даме Груев, иконата на македонската историја (ФОТО)

Водени од чистата мисла и големата љубов кон сопствената земја Македонија. Понесени од истрајноста и силното чувство за слобода на сопствената татковина, жедни за слобода како и сите други народи, оваа наша Македонија во минатото роди синови кои денеска за нас се симбол, мотив, емоција која е длабоко втемелена во нашата потсвест, во нашата душа и затоа денеска сите сме собрани тука, на ова место каде што еден човек по име Дамјан Груев го даде својот живот за една грутка земја по име Македонија, истакна Димитар Димовски, од Петлец во Русиново на одбележување на 113 години од погубувањето на Даме Груев.

-Ние сме тука, секоја година, да се поклониме, да одадеме почит на војводата Даме Груев, на човекот за кој Внатрешната македонска револуционерна организација му била длабоко насадена во срцето, создавјќи ја со една  единствена цел СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ, САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА во  која ние денес живееме. Дамјан Груев роден во Смилево, починал во Русиново, кој единствено живеел за да умре за МАКЕДОНИЈА… тој денеска е икона во македонската историја, тој денеска е наш идол, човек кој преку својата чиста и родољубива мисла ни остави силна порака дека МАКЕДОНИЈА нема цена, дека МАКЕДОНИЈА е идеал за кој многу животи се положени, земја во која многу крв е пролеано, многу солзи на мајките македонки се протечени, голема била жртвата за слободата на МАКЕДОНИЈА, порача Димовски.

Насобраните граѓани со македонски знамиња одадоа почит.

 

 

 

 

 

Најнови вести