среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 26
home Вести

„Од власта се фалат дека ја победија пандемијата со корона, а вчера има над 100 новозаразени“

„Од власта се фалат дека ја победија пандемијата со корона, а вчера има над 100 новозаразени“

На вечерашната дебата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на ситуацијата со коронавирусот истакна дека власта во мај месец се фалеше дека ја победиле пандемијата,  а само вчера имаме 100-тина новозаразени.

-Власта на крајот од месец мај прогласи победа на пандемијата, а сега во месец јули, само вчера имаше повеќе од 100 новозаразени и неколкумина починати, потсети Мицкоски.

Тој вели дека пред само една недела го имавме рекордот на луѓе коишто се починати, а тоа се 15 починати.

 -Предвидуваа 2.000 заболени, ние имаме повеќе од 7.000 и повеќе од 380 луѓе кои го загубија својот живот. Пред овие бројки и вистината молчи, критикуваше Мицкоски.

Коронавирус