недела, 9. мај 2021. Вести денес: 91
home Вести

Од ветувањето на Заев за 20.000 минимална плата, стигнавме до покачување од понижувачки 200 денари

Од ветувањето на Заев за 20.000 минимална плата, стигнавме до покачување од понижувачки 200 денари

Премиерот Зоран Заев ги излажа и понижи работниците. Со години наназад ветува повисока минимална плата, за тоа да се сведе на покачување на минималецот за само 200 денари, па и уште се фалат со тоа дека тоа било историски момент.
Имено, вчера владата донесе одлука на работниците кои работат за минимална плата да им ја зголеми за 200 денари, односно то го направија поради порамнување заради зголемувањето на трошоците за живот.

Законското усогласување на минималецот кое за власта е историско, за синдикатите е недоволно и смешно. Овој месец работниците кои земаат минимална плата ќе добијат зголемување од 260 денари, односно минималецот ќе изнесува 15 194 денари, поради усогласувањето кое се случува секоја година во март според трошоците на живот, растот на минималецот и БДП.

– Ние вчера имавме историски момент. Направивме исчекор според кој имаме зголемување на минималната плата од 1,7 отсто и тоа е за поздравување, затоа што податоците укажуваат дека треба да се прилагоди минималната плата со критериумите, но искрено мораме да сфатиме дека владеењето на правото почнува од нас самите. Не можеме заради политички поени кога законот пропишува одредени критериуми да ги занемариме, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања
Но, синдикатите не се задоволни од ова покачување и бараат Владата да го зголеми минималецот на 16.900 денари за да се постигне 60 проценти од износот на просечната плата. Но, власта тоа го одбила.

– Морам да кажам дека синдикатите вчера беа експлицитно против таквата одлука и мислам да зборуваме за зголемување за 200 денари на минималната плата во ек на оваа пандемија, каде работникот е осиромашен е смешно, вели Благоја Ралповски- Конфедерација на слободни синдикати.

Иако во два изборни циклуси, оној од 2016 година и последниот од минатата 2020 година, премиерот Зоран Заев ветуваше, првично минимална плата од 16.000 денари а минатата година отиде уште подалеку и вети минималец од 20.000 денари.
И од ветувањето на Заев за минимална плата од 20.000 денари, и покрај тоа што го троши веќе вториот мандат на власт, покачување на минималецот се сведе на бедни 200 денари. Во услови на длабока економска криза, кога трошоците за живот постојано се зголемуваат, и кога цените на основните производи постојано растат, со покачувањето на Заев на минималната плата од двеста денари не може да се купи ниту килограм месо.

Инаку со минималната плата која што сега ќе изнесува нешто над 15 илјади денари, Заев не успеа да го исполни ниту првото дадено ветување од 2016 година кога вети минимална плата од 16.000 денари.

Коронавирус