петок, 16. април 2021. Вести денес: 98
home Вести

Од ветувањето на СДСМ за студентски град, студентите завршија да студираат во руини

Од ветувањето на СДСМ за студентски град, студентите завршија да студираат во руини

Едно од главните ветувања на СДСМ пред изборите во 2016 година беше дека откако ќе дојде на власт ќе изгради нов студентски град со нови студентски домови како што доликува на модерен студентски центар, но и сега кога веќе е во вториот мандат од владеењето, не само што абер нема од изградба на ваков центар и условите во кои функционираат студентите се на најлошо ниво досега, туку и новите згради на факултетите кои беа започнати да се градат во 2015 и се во завршна фаза и после шест години никако да се доградат.

Зградите кои беа наменети за Факултетот за информатички технологии и Факултетот за физичко образование закочија во завршна фаза, а од МОН не знааат ниту кога би продолжила изградбата на истите.

За изградбата на истите беше задолжена фирмата „Бетон Штип“ која од 2019 е во стечај, но Министерството за образование дури после две години сѐ уште немаат најдено нов изведувач за да ги заврши зградите.

Инаку и покрај бројните ветувања за студентите, СДСМ не само што не направи ништо со што би се подобриле условите во кои функционираат студентите, туку истите ги влоши.

Секоја година откако СДСМ е на власт студентите со недели се оставаат сред зима и во испитна сесија без греење и без топла вода. Таква беше ситуацијата во студентскиот дом Кузман Јосифовски-Питу годинава во јануари кога немаше греење поради технички проблеми со Агенцијата за стокови резерви, а иста ситуација имаше и лани во истиот период кога во ек на колоквиумска сесија студентите беа приморани приморани да учат во нечовечки услови бидејќи читалната немаше греење а температурите беа под нулата.

Дека ваквите пропусти не се случајност и дека на Владата е им се битни младите и воопшто не се грижи за нив се потврдува и со тоа што вакбва ситуација имаше и во 2018 кога студентите во студентските домови беа оставени две недели без парно греење и топла вода.

Ситуацијата во студентските домови од ден на ден наместо на подобро, оди на полошо, и наместо да се обезбедат услови за да се задржат во државата со влошување на истите, младите се стимулираат да заминат во странство за подобар и подостоинствен живот.

Коронавирус