среда, 5. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Од Велес до Дебар никогаш не постоела Македонија: Историчарот Џемаили сака земјата да се вика „Нова Македонија“

Од Велес до Дебар никогаш не постоела Македонија: Историчарот Џемаили сака земјата да се вика „Нова Македонија“

Од Велес нагоре, Тетово, Дебар, Струга, Кичево, немало Македонија, овие краишта отсекогаш биле албански источни краишта, вели Веби Џемаили, професор по историја на Тетовскиот универзитет.

– Од Велес нагоре, Тетово, Дебар, Струга, Кичево, немало Македонија. Овие краишта биле албански источни краишта. Ние се соединивме во една заедничка држава во 1945 година под името Македонија, рече Веби Џемаили.

Разговарајќи за актуелните случувања за проблемот на Грција со името на Македонија и евентуалното ново име на државата, во емисијата “Патот кон…“ на Алсат-М телевизија, тој додаде дека не само за Албанците туку и за Македонците, најприфатливо решение би било Нова Македонија.

– И Бугарија и цел свет знае дека од Велес до Дебар никогаш не постоела Македонија. И затоа ние Албанците никогаш нема да го прифатиме овој назив за да бидеме наречени Република Северна Македонија бидејќи со ова се оштетува и нашиот интерес како граѓани кои живееме во заедничка држава со Македонците. Ништо ниту додаваме ниту одземаме, туку да кажеме дека Нова Република Македонија е прифатливо и за македонската и за грчката страна, потенцираше Џемаили.

На оваа негова констатација се надоврза Лазар Лазаров, универзитетски професор по историја, кој вели дека од сите предлози за името најнеприфатливо е Нова Македонија, затоа што тоа укажува дека сме дрво без корен.

– Од сите оние понуди кои што се изнесени сега од страна на Метју Нимиц, најнеприфатливо е Нова Македонија, затоа што тоа укажува дека сме дрво без корен, со тоа го губиме правото на културно-историското наследство од подалечното минато и ја губиме државотворноста како нова државотворна држава, што нам воопшто не ни одговара, рече Лазар Лазаров во емисијата “Патот кон…“ на Алсат-м телевизија.

Коронавирус