вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 176
home Вести

Од вечерва СДСМ во трка по пратеници за законот за ЈО: Им се нудат милиони, вработувања, тендери…

Од вечерва СДСМ во трка по пратеници за законот за ЈО: Им се нудат милиони, вработувања, тендери…

Повеќе извори од различни партии и групи брифираат дека од доцна попладнево се одвиваат преговори и се врши сериозен притисок врз повеќе пратеници да гласаат за Законот за јавно обвинителство, објави порталот Експрес.

-Трговијата и притисоците врз пратениците се случуваат само десетина часа откако лидерот на СДСМ Заев изјави дека до 2 часот изутрината правел консултации за обезбедување 80 пратеници за усвојување на новиот Закон за Јавно Обвинителство. Слично на ситуацијата од уставните измени според информациите од изворите во игра се и ветувања за милионски суми за пратеници кои ќе го дадат својот глас за новиот закон за Јавното обвинителство. За дел од пратениците кои претходно одбиле да разговараат да бидат “купени” во игра се други методи кои вклучуваат закани дека може да одговараат за тешки кривични дела по урнекот на промената на уставното име, објави Експрес.

Во трговијата се вклучени и други бенефиции како вработувања за блиски луѓе на тие што ќе гласаат, но и ветувања за добивање тендери за фирми блиски на пратениците.

Целата вест прочитајте ја на ЕКСПРЕС

Коронавирус