среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 104
home Вести

Од вечерва нов влажен бран во Македонија: Следуваат поинтензивни врнежи од дожд и снег

Од вечерва нов влажен бран во Македонија: Следуваат поинтензивни врнежи од дожд и снег

Почнувајќи од денес во вечерните часови најпрвин во источните и во јужните предели, а во текот на ноќта и утре насекаде низ државава ќе има зголемување на облачноста и врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка таму и понатака ќе се зголемува. Во западните предели има услови снежната граница да се спушти и на надморска височина од под 1000 метри, со што услови за врнежи од снег ќе има и во некои населени места.

Локално врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог, додека во југоисточните и источните предели повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Исто така во овие предели ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

За разлика од денес, утрешниот ден ќе биде нешто постуден со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени во најтоплите предели од државава.

Врнежливо ќе биде и во Скопскиот регион каде утре максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 8 степени.

Доста променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините ќе продолжи и во следните денови, кога повремено снежната граница има услови да се спушта и под 1000 метри, особено во западните предели со што, повремено услови за врнежи од снег ќе има и на повисоките населени места на запад. Снежната покривка на повисоките места и на планините ќе се зголемува.

Најнови вести

Коронавирус