четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 123
home Вести

Од вечерва дожд- еве до кога ќе врне

Од вечерва дожд- еве до кога ќе врне

Во одделни котлини и вдолж Повардарието утринава има магла, а намалена видливост до 50 метри има во струмичката котлина. Во западните делови од државата времето е умерено до значително облачно, а во источните делови сончево со мала до умерена облачност.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови умерено до значително облачно време. Во вечерните и ноќните часови ќе има појава на локален дожд. Највисоката температура ќе се движи од седум до 13 степени.

Во Скопје слично време со појава на магла и ќе дува умерен југоисточен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до седум степени.

Под влијание на влажен бран веќе од утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни и локално се очекуваат да наврнат околу 20 л/м2, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува засилен јужен ветер. Во петок ќе има слаб локален дожд и слаб снег на повисоките места во западните делови.

За време на викендот и за новогодишната ноќ се очекува стабилно, суво, релативно студено и ветровито време.

Коронавирус