По топлото време во изминатиот период од утре облачноста ќе се зголемува.
Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има и во четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд.
Во петок времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремен локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Во сабота времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од југоисточен правец.