четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 74
home Вести

Од утре се воведува нова категорија патарина во Македонија, еве колку ќе треба да платите

Од утре се воведува нова категорија патарина во Македонија, еве колку ќе треба да платите

Согласно Одлуката за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат (патарина) со која воведува нова категорија на видови возила, Прва Категорија А за моторни возила со карактеристики на мотоцикли (со две тркала), се имплементира во системот за наплата на патарина како Категорија 1А и започнува со ефективна употреба и наплата од 10.02.2020 година од 00:00 часот (понеделник, од полноќ).

Во категоријата „1А“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.

Ова се цените по наплатни станици за надоместок за употреба на пат (патарина)

1. Романовце 40 денари / 0,50 евра
2. Петровец 20 денари / 0,50 евра
3. Сопот 50 денари / 1,00 евро
4. Отовица 50 денари / 1,00 евро
5. Стоби 40 денари / 0,50 евра
6. Миладиновци 20 денари / 0,50 евра
7. Тетово 20 денари / 0,50 евра
8. Гостивар 20 денари / 0,50 евра
9. Глумово 20 денари / 0,50 евра
10. Желино 20 денари / 0,50 евра
11. Гевгелија 60 денари / 1,00 евро

 

Извор: 24Ауто.мк

Коронавирус