четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Од утре се менува времето

Од утре се менува времето

Повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер најавуваат метеоролозите за утре, а за сабота со поголем интензитет.

Облачноста ќе почне утре од запад, а на исток и понекаде во ценралните делови ќе има послаби врнежи.

Врнежите ќе продолжат и во сабота кога ќе бидат поинтензивни и ќе се проследени со засилен на моменти силен југозападен ветер над 80 километри на час. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните подрачја, а на повисоките планини ќе има врнежи од снег.

Повремени врнежи се можни и во недела претпладне кога на повисоките места на североисток ќе поминуваат во слаб снег.

Во понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

Коронавирус