понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 13
home Вести

Од утре работат и внатрешните делови на ресторани и кафулиња, но без жива музика

Од утре работат и внатрешните делови на ресторани и кафулиња, но без жива музика

Од утре во кафулињата и рестораните ќе можат да се служат гости и во внатрешните делови од објектите. Но според новиот протокол и натаму нема да има свадби и дрuги прослави, а се забрануваaт и музички настани и во внатрешните и во надворeшните делови. На ова веќе регираат и угостителите и музичарите, бараат надлежните да направат измени во овој дел.

Музичарите пак велат ако не се дозволат музички настани дополнително ќе бидат оштетени. Велат дека илјадници музички работници изминатиов период се борат да опстанат поради ограничувањата да ја извршуваат својата работа.

Угостителите апелираа до владата што е можно поскоро да се донесе правилник за оргнизрање и на свадби и други прослави затоа што токму порати тоа многу објекти сеуште се затворени. Повторно побараа од налджените да се промени правилото со кое се предвидува на една маса да може да седат четири лица само ако се од исто семејство.

Од минатата недела угостителите можат да работат и до еден часот по полноќ и во текот на работата недела и за време на викенд.

Со новиот правилник и натаму вработените мора да носат заштитна маска и зачестено да одржуваат хигиена на рацете. Не е дозволено служење на гости на стоење на шанк. Столчињата треба да се на растојание од 1, 5 до два метри. На секоја маса мора да има средства за дезинфекција. На една маса може да седат најмногу две лица, а четворица само ако се од иста фамилија. Тоалетите постојано треба да се дезинфицираат, а феновите за раце не смее да се користат.

Коронавирус