вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 26
home Вести

Од утре почнува вакцинацијата со трета доза против коронавирус, еве кои лица можат да се вакцинираат

Од утре почнува вакцинацијата со трета доза против коронавирус, еве кои лица можат да се вакцинираат

Граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести со потврда од утре ќе можат да примат трета доза вакцина против ковид -19, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека процесот на скрининг во училиштата ќе почне најверојатно за две недели.

-Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат, притоа таа порака ќе биде потсетување во смисла дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење. И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски“, во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, за скринингот во училиштата министерот Филипче рече дека најверојатно ќе започне за две недели.

-Ќе започнеме со обезбедување согласност од родителите и понатаму ќе ја презентираме и методологијата. Јас верувам дека припремата во текот на следнава недела ќе заврши и дека од таа недела потоа ќе го започнеме процесот на тестирање. Сакам да кажам дека целта е да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот, знаејќи дека децата се најчестите асимптоматски преносители на вирусот, рече Филипче, кој денеска ја поддржа кампањата „Напред розово“. (МИА)

Локални избори 2021