вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 198
home Вести

Од утре нов детски канал на МРТВ: Содржини само за вашите деца

Од утре нов детски канал на МРТВ: Содржини само за вашите деца

Од утре со програма започнува нов детски канал на Македонската Радио Телевизија. На гледачите и особено на најмладата публика ќе им бидат понудени едукативни и забавни тв содржини како Бушава азбука, Дора, Дајте музика, Си било еднаш и многу други.

Следењето на мислењето и реакциите на јавноста, ја наметна потребата од специјализирани програми наменети за прецизен таргет на публика.

Содржини за деца и млади ќе бидат основа за креирање на програмската шема на Детскиот канал на МРТ.

Современиот пристап во изборот на содржините кои едуцираат, информираат и забавуваат, како и понудата на сите жанрови програма за деца, се гаранција дека Детскиот канал – МРТ 5, ќе има голем број ТВ конзументи од целната група.

Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку кабелските оператори А1 и Телекабел, ќе можат да го следат новиот Детски канал –  МРТ 5,  откако ќе ги прескенираат своите ТВ приемници или Сет-топ бокс  уредите.

Корисниците на Македонски телеком, без никаква интервенција, ќе ја добијат можноста да го следат Детскиот канал – МРТ 5.

Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку DVB-T мрежата на ЈП МРД (односно го примаат  сигналот со антена), за да  го следат новиот Детски канал – МРТ 5, треба да ги прескенираат програмите на своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите.

Извор: Press24

Коронавирус