сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Од утре нема плаќање во кеш суми над 500 евра- следуваат казни до 80.000 евра

Од утре нема плаќање во кеш суми над 500 евра- следуваат казни до 80.000 евра

Од утре, 1 јуни, нема да може да се купува и плаќа во готово за работи поскапи од 500 евра. Ова е законска обврска содржана во Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам во кој минатата година со посебна уредба се ограничи висината на плаќањата во готово.

Согласно новата одредба на Законот, во земјава ќе биде забрането готовинско плаќање на стоки и услуги во износ од 500 или повеќе евра во денарска противвредност како една или повеќе очигледно поврзани трансакции.

Од почетокот на годинава плаќањето во кеш прво се намали од 2.000 евра на 1.000 евра, а сега плаќањето дополнително се намалува на 500 евра.

Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра.

Наместо да користат кеш, граѓаните ќе мора да користат платежна картичка или со уплатница да уплаќаат готовина во банка, штедилница или да плаќаат преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Коронавирус