петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 61
home Вести

ОД УТРЕ ДОЖД: Еве какво ќе биде времето денеска

ОД УТРЕ ДОЖД: Еве какво ќе биде времето денеска

Времето во земјава ќе биде умерено до значително облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Претпладне понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува умерен, а попладне особено долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне облачноста ќе се зголеми. Во утринските часови со услови за магла во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Преку ноќта кон понеделник во западните делови ќе започнат врнежи од дожд.

Во понеделник преку денот врнежите ќе се прошират насекаде и во западните делови ќе бидат повремено поројни. Во планинските региони наместа ќе има појава на грмежи. Ќе дува умерен до силен јужен ветер (над 60 км/ч). Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне и ќе бидат пообилни на западот (над 20 л/24часа). Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, а утринските ќе бидат позитивни.

ЕУРО 2020

Македонија