среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

ОД УТРЕ ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН: Обилни врнежи од дожд, на повисоките места снег

ОД УТРЕ ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН: Обилни врнежи од дожд, на повисоките места снег

Од ноќеска на пониските места на северозапад ќе има повремени врнежи од дожд кои понекаде на повисоките места ќе преминуваат во снег, а на планините на северот повремено ќе врне снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

-Утре и в среда ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Утре преку ноќта и во среда во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира понекаде и на повисоките места, соопшти УХМР.

Пообилни врнежи над 25 литри на квадратен метар, како што најавува УХМР, ќе има во западниот дел од земјава особено во вторник во вечерните часови и во среда претпладне кога ќе почне да дува повремено силен северозападен ветер со брзина од над 65 километри на час.

Потоа, како што велат од УХМР, следува период на стабилно и се потопло време.

Локални избори 2021