недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Од утре до 15 март ограничен влез и излез на патници на ГП „Стење“, „Св. Наум“ и „Блато“

Од утре до 15 март ограничен влез и излез на патници на ГП „Стење“, „Св. Наум“ и „Блато“

Почнувајќи од 6 часот утре заклучно со 15 март до 24 часот ќе биде ограничен влезот и излезот за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија кои ќе патуваат преку граничните премини „Стење“, „Св. Наум“ и „Блато“, соопшти Министерството за внатрешни работи по претходно добиено известување од албанските погранични служби.

– Оваа одлука е донесена за сите лица кои патуваат со превозни средства кои се движат кон и од градовите Тирана, Драч, Скадар, Елбасан, Леже, Лушне, Фиер и Валона, појаснуваат од МВР.

Тие биле известени и дека ќе биде дозволен излез на државјани на Албанија кон земјава во зависност од подрачјето каде живеат и гравитираат кон овие гранични премини. Странските државјани ќе можат да остварат влез на наведените премини, но нема да можат да се движат кон наведените градови.

Коронавирус