сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 76
home Вести

Од утре дестабилизација на времето

Од утре дестабилизација на времето

Циклон од Северозападна Европа овој викенд ќе влијае на времето и тоа особено во текот на утрешниот неделен ден.

Веќе во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, минимални се условите и за редок град.

И во Скопскиот регион ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи и тоа особено утре во попладневните часови.

Температурите на воздухот нема да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

И на почетокот од следната недела ќе има услови за локална, особено изолирана нестабилност а исто така ќе остане и релативно топло за овој дел од годината.