вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Вести

Од Токисологија ви препорачуваат како и колку да пиете, ама не кажуваат што

Од Токисологија ви препорачуваат како и колку да пиете, ама не кажуваат што

Секогаш во пресрет на славења докторите ви препорачуваат како да се однесувате или што да јадете, да внимавате со пиењето и слично. Сега од Клиниката за токсикологија стигнаа чудни препораки. Колку да пиете, колку чашки, ама не кажуваат што. Очигледно не водат сметка дека едно е три чаши ракија, друго е три чаши пиво. Потоа ви велат јадете, а потоа играјте. Знаат ли дека со играњето се троши енергијата? Очигледно идејата од Токсикологија им е да ве збунат, можеби да соберат пациенти, бидејќи без разлика дали имате здравствено осигурување услугите од ваков тип си ги плаќате.

Или што препорачуваат?

Прво, им препорачуваат на граѓаните да пиеле две до три чашки алкохол што е недоволиво за еден клинички токсиколог кој се занимава со лечење на труења со алкохол. Препораката е да се воздржуваме од алкохол, а може да испиеме по една чашка жесток или друг алкохол (пиво, вино).

Второ, да не е мешале жестоки и други алкохолни пијалоци, ќе се опијанеле побрзо. Ноторна глупост, тоа никој не го докажал и алкохол е алкохол, се зависи од концентрацијата на алкохол во пијалокот. Ако пиеш поконцетриран алкохол побрзо ке се опијаниш. од две пијачки ракија можеш да се опијаниш (45 промили алкохол), а од две чаши пиво тешко (12 промили алкохол).

Трето, за да не те фати алкохолот, играј што повеќе, за да трошиш енергија. Ординарна глупост и незнаенње. При физичка активност (играње) се трошат јагленохидрати (шеќер) кои се главен енергетски извор за нормална работа на мозокот. Алкохолот по правило ја намалува концентрацијата на шеќерот во крвта (хипогликемија ) и со играње односно дополнително трошење на шеќер состојбата дополнително ќе се влоши и тој што пие и што е физички активен само може побрзо да падне во кома. Па не случајно во терапија на алкутно труење со алкохол се дава ургентно концентриран шеќер интравенски.