понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 166
home Вести

Од среда дожд- еве какво време не` очекува

Од среда дожд- еве какво време не` очекува

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со слаб јужен ветер, по котлините магливо. Минималната температура ќе се движи од минус три до четири степени, а дневната од шест до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб јужен ветер и со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до девет степени.

До среда ќе се задржи стабилно и суво време со појава на умерена до значителна облачност и претежно со слаб јужен ветер. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и планините.

По котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска. Од среда попладне во западните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Коронавирус