четврток, 25. февруари 2021. Вести денес: 87
home Вести

Од Србија ќе добиеме најмалку 8 000 дози од нивните вакцини од „Фајзер“

Од Србија ќе добиеме најмалку 8 000 дози од нивните вакцини од „Фајзер“

Премиерот Зоран Заев рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека се очекуваат да пристигнат дозите преку Ковакс механизмот и договорените со „Фајзер“.

Србија понудила да ни испрати најмалку 8 000 вкцини од нивните наабвеби дози од производителот „Фајзер“, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека се очекуваат да пристигнат дозите преку Ковакс механизмот и договорените со „Фајзер“.

„Понуднета помош од Србија преку претседателот Вучиќ ја прифативме. Утрово разговаравме, а деталите ќе ги договориме во текот на денот. Се работи за околу 8 000 вакцини од ‘Фајзер’, а за другите треба да ги потврдат преку договорите што ги имаат дали е можно да ги дадат. Јас сум многу благодарен од името на македонскиот народ до Србија и до српскиот народ за овој чин на пријателство“,

изјави Заев утрово пред судот каде беше на рочиште со новинарот Зоран Божиновски кого го тужи за клевета.
Заев рече дека во текот на денот ќе разговара со премиерката на Србија Ана Брнабиќ за детали за транспортот на вакцините, а најави и таков разговор на министрите за здравство.

Тој повтори дека првите кои ќе ја примат вакцината ќе бидат здравствените работници во ковид-центрите, а потоа сите останати кои се сметаат за ризични групи.

Во меѓувреме се очекуваат и првите договорени 5 850 вакцини од „Фајзер“ во февруари, што се дел од договорот за набавка на 800 000 дози за 400 000 граѓани, како и дозите што ќе пристигнат преку Ковакс – механизмот.

Коронавирус