четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Oд следната недела пријавување за вакцинација- ќе биде достапна веб страницата

Oд следната недела пријавување за вакцинација- ќе биде достапна веб страницата

Следната недела очекуваме да ја објавиме веб-страната што ќе биде од информативна природа и ќе го содржи делот за пријава, односно за изразување на интерес за вакцинација, информираше денеска на прес-конференција Жаклина Чагаровска од „Мој Термин“.

Таа објасни дека кога веб-страната ќе биде достапна, пријавувањата можат да започнат веднаш. Пријавувањето ќе се одвива на начин на кој со внесување на личните податоци, граѓаните ќе се идентификуваат и ќе добијат одоговр на електронската пошта што ќе ја остават дека е примена нивната пријава и можат да очекуваат повик од матичен лекар за терминот кога ќе биде закажана вакцинацијата, соодветно групата во која спаѓаат, дефинирана во Националниот план.

-Апелот е всушност за првата група граѓани, над 70 години кои со пријавување и анкетирање од страна на матичните лекари, но и на веб-страната ќе дадат подобра и поточна информација за да може да се планира и другиот дел од системот, бидејќи зборуваме за интегриран систем каде што ќе се следи цело време евиденцијата на вакцинацијата, количините кои се трошат, пријавувањето на пациентите. Кога ќе завршиме со првата критична група, односно возрасни лица над 70 години да започнеме веднаш со анкетирање на втората група, оние од 65 до 70 години, додаде Чагаровска.

ЕУРО 2020

Македонија