петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 61
home Вести

Од штабот на СДСМ во Идризово: Поздрав до Зоки, Шекеринска и брат ми Вице Заев

Од штабот на СДСМ во Идризово: Поздрав до Зоки, Шекеринска и брат ми Вице Заев

Скандалозни снимки без срам се шират по социјалните мрежи.

Имено внукот на Јане Павловски попознат како Јане Тица, сподели видео на својот Фејсбук профил од затворот во Идризово каде во моментов престојува Тица.

На видеата се гледа како се собрани роми, Македонци и Албанци во една просторија во затворот, а на масата има амблеми и пароли на СДСМ.

На видеата се слуша како тие велат дека се собрале за да му докажат на СДСМ дека се многу јаки, силни и не се даваат.

Свој збор имаше и Јане Тица кој е најзаслужен за ромите кои од ВМРО-ДПМНЕ преминале во СДСМ како што велат во видеото.

Тие на Тица му дадоа чесен збор дека ќе бидат со СДСМ.

Инаку на видеото свој коментар даде и директорот на Зоолошката градина во Скопје Ѓоргија Галетановски кој под постот на Фејсбук напиша „Јане Легендо“.

Инаку јавноста очекува и Министерството за правда на чие чело е Рената Десковска да се изјасни и да се огласи околу ова случување во затворот.

Коронавирус