четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 60
home Вести

Од сабота значително потопло време, на повеќе места над 30 степени

Од сабота значително потопло време, на повеќе места над 30 степени

Времето денеска е сончево со слаб до умерен ветер од северен правец и  максимална температура од 19 до 27 степени. Во Скопје температурата ќе достигне 24 степени.

УХМР соопшти дека следува период на постабилно време. Утре се уште ќе се задржат пониските утрински температури, но дневните температури од сабота ќе бидат значително повисоки и на повеќе места ќе надминуваат 30 степени.

Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи ќе има во недела.

Коронавирус