петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Џабир Дерала во Собрание изјави – „Носењето на законот за Јавно обвинителство е тест за патриотизам!“

Од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Џабир Дерала во Собрание изјави – „Носењето на законот за Јавно обвинителство е тест за патриотизам!“

Првиот човек на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на денешната расправа за носетео на новиот закон за Јавно обвинителство, кон присутните порача да се изнајде заеднички јазик за носење на овој закон.

„Носењето на овој закон е тест за патриотизам и државништво. Се наоѓа изборот – дали ќе ги поддржат интересите на државата или ќе се поддржат криминалците. Ако не го донесете овој закон, овој состав на Парламентот ќе го запамтат само по крвавиот напад во Собранието во 2017 година. Надвор од оваа зграда, расте гневот за оние кои ја заробија државата и се уште се на слобода“, истакна Џабир Дерала.

Никој не појасни, која е логиката и зошто Власта го предложила Дерала да зборува во Собрание на расправата за предлог-законот за ЈО, расправа на која учество земаа редица познати универзитетски професори, обвинители, судии и експерти на полето на правото.

По излагањето, на многумина им стана јасно која била целта…

Коронавирус