сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 40
home Вести

Од последици од Ковид-19 почина 58-годишна медицинска сестра од Берово

Од последици од Ковид-19 почина 58-годишна медицинска сестра од Берово

Почина 58 годишна медицинска сестра од Берово. Таа е и првиот здравствен работник кој ја изгуби битката со вирусот од Малешевскиот регион. Нејзиниот сопруг, инаку директор на Здравствениот дом во оваа туристичко градче е на болничко лекување во приватната клиника „ Жан Митрев“. Според надлежните неговата состојба се подобрува. Инаку од пред два дена локалната власт повика на хуманост и граѓаните да донираат за болничкото лекување на двајцата познати здравствени работници во нивниот град, за кои беа потребни вкупно 24.000 евра, пренесува Телма.

Во Берово активни случаи на Ковид 19 се шест, 12 се во изолација со решение од инспекторатор, додека во Пехчево позитивни на вирусот се двајца, а шест лица се во изолација. Според епидемиолошката служба едно е дете, шестмина се на возраст од 20 до 69, а едно лице е над 70 години. Новите случаи во Малешевскиот регион се резултат на контактите за време на Илинденските празници.

Градоначалниците на Берово и на Делчево, двете поголеми општини во Малешевско-Пијанечкиот регион денеска апелираа да се почитуваат мерките за заштита, но посочија дека и она што се случува во кафулињата и угостителските објекти уште еднаш ја покажува и неодговорноста на поединци, кои наместо да придонесат да се смирува епидемијата, тие придонесуваат да се разгори. За утре најававена е седница на кризниот штаб во Берово, а во Делчево ќе се направи вонредна дезинфекција.

Најнови вести

Коронавирус