среда, 1. февруари 2023. Вести денес: 28
home Вести

Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта во државата

Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта во државата

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта во државата.

Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.

Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо образовните институции.