среда, 24. октомври 2018. Вести денес: 0
home Вести

Од петок следува разочарување- викенд временска прогноза, особено подгответе се за во сабота

Од петок следува разочарување- викенд временска прогноза, особено подгответе се за во сабота

Утре времето во Македонија ќе биде сончево и топло во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Времето во петок во текот на денот ќе биде сончево и топло со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.