недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Од обвинители, станаа чувари!

Од обвинители, станаа чувари!

Обвинителите од СЈО и утрово пристигнаа на работа во зградата на Рузвелтова, иако вчера Советот на јавните обвинители реши да ги врати во обвинителствата каде што претходно работеа, јавува фокус. Така и ќе биде во наредните неколку дена, бидејќи обвинителот Љубомир Јовески ги задолжил да ги чуваат предметите кои ги застапуваа пред суд.

Републичкиот јавен обвинител Јовески набрзо ќе треба да одлучи за секој предмет поединечно, односно кое обвинителство е надлежно и кои обвинители ќе продолжат да ги застапуваат предметите пред суд.