недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Од МВР за ТВ21 за инцидентот: Две лица повредени, едното на итна операција поради сериозноста на повредите

Од МВР за ТВ21 за инцидентот: Две лица повредени, едното на итна операција поради сериозноста на повредите
фото: ТВ21

МВР се огласи по повод денешниот инцидент. Од МВР за ТВ21 потврдија дека имало инцидент и дека се случил во селото Љубош, при што повредени се две лица, од кои едното со посериозни повреди.

– Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР за инцидентот.

Коронавирус